ПРАВИЛА И ПРОПИСИ
Со доброволното пријавување, учесникот потврдува дека правилата, прописите, процедурите и обврските се обврзувачки за време на трката. Овие прописи служат за да ја направат трката еднаква за сите учесници и не може да се оспорат на суд. Нивното прифаќање и примена е обврзувачко за да се учествува на настанот. Секој учесник е одговорен за техничката исправност на неговата/нејзината опрема и мора да се погрижи дека се во рамките на правилата. Организаторот не презема никаква одговорност при несреќен случај – незгода, лична повреда или материјална штета, кражба или други вид штети!
Правила и прописите се надоврзуваат на етичкиот кодекс на ИТРА кој служи да го направи натпреварот безбеден, фер и еднаков за сите учесници. Pelister Ultra-Trail® е меѓународно призната трка која ги применува критериумите и стандардите во планинските трки воспоставени од ИТРА.
Задолжителна опрема | Слика | 45km | 18km |
---|---|---|---|
Ранец за трчање | |||
Мобилен телефон со полна батерија и активиран роаминг | |||
Шишиња за вода или мешина - 1 литар мин. | |||
Стартен БИБ број јасно видливо закачен напред на телото | |||
Патики за планинско трчање | |||
Астро фолија | |||
Водоотпорна јакна - наменета за во планински спортови | |||
Чашка од 150 мл. мин. | |||
Челна ламба со резервни батерии | |||
Сет за прва помош (еластичен завој, ханзапласт) | |||
Маица или полар со долги ракави | |||
Капа/марама и ракавици | |||
Висококалорична храна, енергетски плочки, гелови | |||
Планинарски стапчиња | |||
Свирче |
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО
- ПРЕПОРАЧАНО
- НЕ Е ПОТРЕБНО