
За Pelister Ultra-Trail®
Pelister Ultra-Trail® е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот БОФ Битола кој се оддржува во најстариот Национален парк во С. Македонија, Националниот парк Пелистер. Настанот оваа година ќе се оддржи на 25 СЕПТЕМВРИ 2022. Ова издание на Pelister Ultra-Trail® ќе има две ULTRA-TRAIL® трки, каде трките се организирани според ITRA (International Trail Running Association) правилата и прописи за овој тип на трки, каде исто така секоја од трките соодветно носи одреден број на поени за UTMB®.
Baba Trail
Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк.
20K
1170 D+
08:00H
Molika Trail
Почнувајќи од срцето на Националниот парк, патеката ќе ве однесе низ срцето на Националниот парк Пелистер. Првата половина од патеката ќе ве однесе до длабоката уникатна Моликова шума, каде потоа преку контролната точка Цапарска пресека продолжувате до самиот врв на планината Баба на 2601 метар, од каде продолжувате до Малото Езеро и започнувате со спуштање до местото наречено Палиснопје. Од Палиснопје патеката продолжува кон Копанки, а оттаму по познатата историска патека завршувате во Инфо центарот на Националниот парк.
46K
2860 D+
06:30H
ЛОКАЦИЈА?
Во најстариот Национален Парк на Балканот, НП Пелистер, кој со својот раскош, убавина, уникатната Молика, добро обележаните патеки и својата историја нуди идеални услови за планинско трчање.
ITRA ПОЕНИ?
Двете трки организирани во склоп на Pelister Ultra Trail® се организирани според правилата и принципите на ITRA, каде носат соодветни поени, како и квалификациски поени за UTMB®

СПОНЗОРИ





ПОДДРЖУВАЧИ









